Станиќ: Ќе се потрудиме максимално подготвено да ги дочекаме квалификациите во септември!

129

Новиот селектор на У-21, Горан Станиќ денеска го објави списокот на играчи на кои ќе смета за контролните средби во Анталија овој месец, со Белорусија и Азербејџан. Од списокот, кој веќе го објавивме, се гледа дека имаме една нова генерација пред која се нови предизвици.

Инаку Станиќ смета дека ова ќе биде добра проверка за тоа што не чека во септември, кога стартуваме со квалификациите за ЕП.

А еве што изјави селекторот на младата репрезентација до 21 година по објавувањето на списокот:

Ќе го искористиме првиот наш заеднички собир за да ги запознаеме добро фудбалерите со методите на работа, како и тоа што ќе се бара од нив, како на тренинзите, така и на самите натпревари. 

Повикани се фудбалери од нашето првенство кои имаат најголема минутажа во своите клубови. Имаме повикани и неколку играчи од странство за кои сметаме дека може да го подигнат квалитетот на нашата репрезентација. Одредени фудбалери кои не се повикани на овој собир, а се потенцијални репрезентативни кандидати, ќе добијат можност на следниот собир кон крајот на мај.

Очекувам дека идеите што ги имаме ние како стручен штаб ќе успеат самите фудбалери брзо да ги разберат и ефикасно да ги спроведат на теренот. Ке се потрудиме максимално подготвено да ги дочекаме квалификациите за пласман на ЕП кој ќе стартуваат во септември.

Во рамки на овие подготовки ќе одиграме два натпревари против Белорусија и Азербејџан. На двата меча фокусот ќе биде ставен на нашата игра. Се надевам дека сите тактички замисли што ќе ги работиме во текот на подготовките да бидат спроведени на теренот“. 

Квалификациите за пласман на ЕП 2027 година во Албанија и Србија ги започнуваме на почетокот на септември. Во првото коло играме против Полска на гости. Во второто коло, на домашен терен ја пречекуваме силната репрезентација на Италија.

Собирот на репрезентацијата на Македонија до 21 година, ќе биде на 16. март, во хотел Парк, Скопје во 18 и 30 часот.

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 23.КОЛО: Чаир уште долго ќе го памети Влатко
СледноМело опериран, се враќа за два месеци