Се играше длабоко во судиското продолжение, резултатот беше 1:0 за Силекс во неделата на дербито во Кратово. Вардар не се превдаваше, тоа беше последниот напад на гостите, домашните веќе се радуваа на победата и тогаш Азер Омерагиќ во манир на расен стрелец успеа да го пронајде патот до мрежата на Силекс за 1:1 и за голем бод во Кратово. Секако дека кога ќе се постигне таков гол и тоа во 90+8.минута, следува голема радост, така и беше, оваа фотографија тоа најдобро го покажува.
Треба да се каже дека гостите апсолутно го заслужија овој бод со својата игра кај тимот кој се бори за титулата.