Мело опериран, се враќа за два месеци

64
Левиот бек на ракометниот клуб Вардар, Нилтон Мело, имаше успешен оперативен зафат на менискусот на коленото и му претстои период на рехабилитација. Според првите лекарски предвидувања ќе бидат потребни два месеци за враќање на Мело на теренот, соопштија денеска од клубот.
Левиот бек кој повеќе беше со дефанзивни задачи, имаше проблеми со коленото, но мораше со оперативен зафат да се реши состојбата, за да може побрзо да се врати на терен. Операцијата ја изврши др. Небојша Настов, и веќе е почнат професот на рехабилитација на играчот.
ПретходноСтаниќ: Ќе се потрудиме максимално подготвено да ги дочекаме квалификациите во септември!
СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Горазд Михаилов (Беса)