Србљак со втора победа во квалификациите до пласман на главниот турнир во Аламинос

77

По голема борба македонскиот тенисер Горазд Србљак успеа да се пласира на главниот турнир во Аламинос, на Кипар. Тој во финалето од квалификациите го победи Мануел Лазиќ од Австрија. Првиот сет во тај брејк му припадна на противникот на Србљак со 7:6 во гемови и 7:5 на поени. Во вториот сет македонскиот тенисер успеа да дојде до предност и сетот го заврши со 6:4 во гемови. Во решавачкиот сет на поени Србљак беше поуспешен и триумфираше со 10-8.

Утре во првото коло на турнирот Србљак ќе игра против Џанмарко Ортензи од Италија, кој е рангиран на 969.место на АТП листата.

Наградниот фонд на турнирот е 15.000 долари.

ПретходноКалин Ивановски избори пласман на главниот турнир во Пореч!
СледноХрватска среде Скопје ни одржа лекција, Беадер Трајановски погоди против Македонија