Ханси Флик одлучи: “Вие двајца останувате, а ти можеш да си одиш!“

4168

Се чини дека нема веќе непознати околу тоа кои двајца голмани ќе бидат во Барселона за следната сезона. Познато е дека по враќањето од повредата, Тер Штеген би требало да биде пак прв голман, но што ќе се случува со Војчех Шчесни и Инаки Пења, кои се менуваа на голот додека Германецот беше во аут. Веднаш да кажеме дека искусниот полски голман во последно време брани фантастично.

Според медиумите во Каталонија, Ханси Флик одржал состанок со сите тројца и кажано им е дека Тер Штеген и Шчесни остануваат, а дека Пења би можел да си оди со оглед на тоа нема да се смета не неговите услуги.

Ова значи дека на Шчесни ќе му се понуди нов едногодишен договор, Тер Штеген ќе биде прв голман, што и за очекување, а Пења ќе си побара нова средина.

ПретходноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: ПСЖ води во Англија, Феенорд извади реми на полувреме во Милано
СледноНавивачите на Манчестер Ј. со порака до газдата: Со новиот стадион ќе ги избркате локалните навивачи!