Хрватска среде Скопје ни одржа лекција, Беадер Трајановски погоди против Македонија

1586

Репрезентацијата на Македонија до 15. години предмалку на Комплексот Петар Милошевски загуби на пријателскиот дуел од соодветната селекција на Хрватска со високи и убедливи 0:3.

Противникот доминираше во текот на целиот меч и заслужено победи, а интересно е да се напомене дека еден од стрелците за Хрватска беше Дино Беадер Трајановски.

https://sportsport.mk/2024/06/09/%D1%82%D1%80%D0%B3%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%BC%D0%B5-%D0%BF%D0%BE-%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%BE-%D0%B1%D0%B5%D0%B0%D0%B4%D0%B5%D1%80-%D1%82%D1%80%D0%B0%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8/

Момчето кое што има потекло од Македонија и за кое што Спортспорт пишуваше уште пред неколку месеци дека заслужува да добие повик од наша страна. Тоа не се случи, Хрватска во меѓувреме му даде шанса, и плодот на сетоа тоа е денешната негова изведба но во противничкиот дрес.

Противникот имаше водство на полувреме од 0:2, а во самиот финишт со прекрасен гол од слободен удар ги постави конечните 0:3.

ПретходноСрбљак со втора победа во квалификациите до пласман на главниот турнир во Аламинос
СледноСтоле убедливо води во анкетата на “Марка“ за тоа кој треба да биде прв голман на Валенсија! (ФОТО)