Кимих го потврди новиот договор со Баерн

67
Fußball: Champions League, Bayer Leverkusen - Bayern München, K.o.-Runde, Achtelfinale, Rückspiele, BayArena. Münchens Joshua Kimmich wärmt sich vor dem Spiel auf. (zu dpa: «Kimmich deutet Vertragsverlängerung bei Bayern an»)

Откако синоќа тимот на Баерн Минхен го потврди пласманот во следната фаза од Лигата на Шампионите во двомечот со Баер Леверкузен, уште една добра вест за навивачите на „Баварците“ пристигна автоматски по последниот свиреж на судијата.

Џошуа Кимих го потврди потпишувањето на својот нов договор со Баерн, во изјават5а дадена по мечот. Тој додаде дека се е решено и дека официјалната објава на новата соработка ќе биде во следните неколку дена.

По Нојер, Мусијала и Алфонсо Дејвис тој е следниот во редицата стандардни играчи на Баерн кој што нема да замине никаде. Тој е дете на Штутгарт, а играше и впо РБ Лајпциг, а со новиот договор Кимих дефинитивно ќе ја премине границата од 500 мечеви за Баварците.

 

ПретходноКомпани: Честитки за играчите
СледноБелами го објави списокот на играчи за дуелите со Македонија и Казахстан! (ФОТО)