Полн стадион против Велс во најава, веќе се продадени 5000 билети

633

Иако пред нас го имаме мечот против Лихтенштајн кој што се игра на 22. март, и е почетен од оваа кампања, од ФФМ велат дека оној следниот, поточно, оној против Велс кој го играме три дена подоцна на 25 март во Скопје предизвикува голем интерес кај македонската јавност.

За истиот преку новата платформа на ФФМ, за купување на билети за мечевите на репрезентацијата веќе се купени 5000.

Тоа е очигледно и повеќе од добра најава дека мечот против Велс ќе го играме пред полни трибини.
Треба само значи да одиграме како што треба против Лихтенштајн, да обезбедиме три бода, а потоа во Скопје да атакуваме на два од два штом се вели.

 

ПретходноМилевски: Јунскиот термин не ни одговарал, време е тоа да го промениме
СледноЛШ 1/8 финале – реванши: Битка за Мадрид, битка за четвртфинале! Атлетико или Реал?