Полувреме: Македонија минимално води против Словенија

110

Македонската ракометна репрезентација после првото полувреме против Словенија во рамките на третиот квалификациски меч за пласман на Европското првенство 2026 година има предност од еден гол, иако во одреден момент водеше и со шест гола разлика. Дуелот се игра пред полни трибини во СЦ „Борис Трајковски“.

Митревски има шест одбрани, Кизиќ една од седум метри. Капитенот, Кузмновски е стрелец на седум гола, Митев има четири.

Македонија мечот го отвори со два гола на Кузмановски и два гола на Митев, период во кој Митревски ја запиша две одбрани, а Словенија постигна само еден гол до седмата минута (4-1). На крилата на Кузмановски и Митев, цврстата одбрана и одличниот Митревски, нашите момци во  14-та минута поведоа со 8-3. И тука не застнаа, продолжија во ист ритам, ја казнуваа секоја грешка на противникот, Пешевски во 17-та минута зголеми на плус шест (10-4), Македонија не искористи шанса да поведе и со седум разлика.

Судиите како по некое непишано правила донесоа чудна одлука, откако не досудија седум метри во нашата корист, во 21-та минута му доделија директен црвен на Карасманакис, па Словенија со серија од 3-0 дојде на 11-8. Кузмановски како вистински капитен, погоди во вистинско време го прекина налетот на гостите, а Митревски запиша нова важна одбрана.

Лазаров повика тајм-аут, да им даде инструкции на ракометарите во последните шест минути до паузата, Словенија притискаше, ја спушти негативата на два гола разлика 14-12 и 15-13, но нашите момци секогаш имаа решение. Во последна минута и пол, судиите повторно се правеа слепи, па Словенија искористи и на одморот намали на 16-15.

 

ПретходноГолот на Митев за најавни ТВ-шпици (ВИДЕО)
СледноБорусија направи пресврт и славеше во Лил за четвртфинале во ЛШ (ВИДЕО)