Како и нашиот селектор Благоја Милевски, така и селекторот на Велс, Крег Белами денеска го објави списокот на играчи на кои ќе смета за дуелите со Македонија (25 март) и Казахстан (22 март).
Најважно е што на него ќе го нема славниот Арон Рамзи, кој е повреден. Исто така ги нема, поради повреди Вилсон, Ампаду, Барнс и Норингтон – Дејвис кои исто така се повредени. Од друга страна Белами одлучи да повика неколку дебитанти.
Како што е познато овој месец стартуваат мечевите од групата Ј во квалификациите за СП 2026. Покрај Македонија и Велс, во групата се и Казахстан, Белгија и Лихтенштајн.
Избраниците на Милевски прво играат со Лихтенштајн на гости (22 март), за да потоа во Скопје го пречекуваме Велс.
Ова е списокот на Велс за овој мартовски циклус: