Попусто Стефан Деспотовски, екс македонскиот младински репрезенаттивец беше играч на натпреварот, кога неговиот ОФК Београд загуби од Железничар Панчево на свој терен. Денеска на дуелот кој го затвори најновото коло во Суперлигата на Србија, ОФК и Деспотовски киксираа кога најмалку требаше.
Нашиот интернационалец, иако по вокација десен стопер, односно десен бек, во моментов игра како лев поради проблемите во составот на ОФК, но тоа одлично го прави веќе четврти меч по ред. Дури со прекрасен удар од далечина го погоди и дирекот но не успеа да реализира.
Сепак, тоа што Деспотовски одлично го одигра натпреварот и е прогласен со најдобра оценка, тоа не го намалува киксот на фаворитот на овој меч кој ќе мора на следниот да се поправи во неколку сегменти од играта.