Енрике: Така е во фудбалот, понекогаш е неправедно…

94

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, беше во екстаза по победата над Ливерпул во осминафиналето на Лигата на шампионите во пенали. Тој го пофали својот тим за карактерот што го покажа на „Енфилд“ и за пласманот во следната фаза.

„Денеска играа подобро од нас, но мислам дека и мојот тим покажа одлично лице и одличен карактер на „Енфилд“, кој е посебен стадион. Се обидовме да го покажеме најдоброто од себе, но беше тешко бидејќи играа толку интензивно. Двата тима заслужија да продолжат. Карактерот и борбеноста беа одлучувачки, особено во пеналите.

Кога ждрепката одлучи ПСЖ да се соочи со Ливерпул, мислам дека и двајцата тренери го мислеа истото – ова ќе биде еден од најдобрите натпревари за гледање во Европа. Мислам дека двата тима беа одлични”, изјави Шпанецот.

Енрике не го криеше своето задоволство, вели дека на овој меч среќата била на нивна страна.

“Не се работи само за константност. Моравме да бидеме перфектни во вистинските моменти. Страдавме многу по поразот во Париз, но така е во фудбалот. Понекогаш е неправедно. Денеска имавме среќа, двапати ја погодија гредата. Донарума беше како Алисон на првиот натпревар. Среќни сме и сигурни сме, продолжуваме во следната фаза”, изјави специјалистот.

Претходно„Немаме магично стапче, но ги знаеме предностите на Македонија“
СледноАлександер Арнолд под знак прашалник за финалето од Купот