Македонија вечерва беше поразена од Словенија со 26:32 во меч од 3.коло во квалификациската група 1 за пласман на ЕП 2026. Нашите момци одиграа одлични, перфектни први 20 минути, но потоа дојде до пад во нашата игра, па на крајот Словенците заслужено победија.
По мечот свој коментар за мечот имаше селекторот Кирил Лазаров:
“Да преспиеме и анализираме, и мене ми делуваше дека во тие први 20 минути бевме предобри, бевме перфектни. Мислам дека не заслуживме на полувреме да водиме само со едн разлика. На полувреме беа разочарани зошто беше само еден гол разлика. Пробавме со стручниот штаб да ги вратиме. И кажавме дека не треба да жалат шанса за поголема разлика. Јасно е дека со црвениот картон на Карасманакис изгубивме на ротација, моравме со Павле Атанасијевиќ да играме на негова неприродна позиција. Не беше во состав и Никола Марковски. Јасно е дека на вакви тој и тоа како е важен“посочи нашиот селектор.
Инаку Лазаров повторно се осврна на менталитет на нашите ракометари:
„Тоа што е. Нашата цел е пласман на ЕП. Утре кога ќе се разбудиме можеби ќе жалиме зошто можевме повеќе. Реков и пред мечот. Малку сум резервиран зошто ги познавам нашите играчи. Македонче, после забележителен успех тешко да го држиш свесен и трезвен. Ние бевме мотивирани, но ова нека биде една добра лекција за нашиот менталитет. Постојано се повторуваме, изгледа како некое алиби како Македонци да бидеме константни во тие успеси што ги правиме повремено. Треба да се работи на тој ментален склоп“ истакна Лазаров.