Лазаров го одреди составот за Словенија

412

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров го одреди списокот за дуелот со Словенија во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство 2026.

За разлика од претходните мечеви во составот на Македонија нема да биде дефанзивецот Никола Маркоски, а на негово место во комбинација влезе Валентин Карасманакис.

Мечот е закажан со почеток во 20 часот, во СЦ “Борис Трајковски”, билети за овој дуел одамна нема, истите се распродадоа за два дена.

Македонија по првите две кола во квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 има победа против Естонија дома и пораз од Литванија на гости.

ПретходноСелекторот Милевски одбра за Лихтенштајн и Велс
СледноМилевски: Јунскиот термин не ни одговарал, време е тоа да го промениме