Без посериозни проблеми, селекцијата на Литванија дојде до очекувана победа над Естонија во мечот од нашата квалификациска група за европското ракометно првенство. Литванија со убедливи 20:30 славеше на гостувањето кај Естонија и понатаму останува во трка за едно од двете места кои водат на европскиот шампионат.
Маласинскатс со шест гола беше најефикасен кај Литванците, додека кај поразените Јанима постигна шест гола.
Со оваа победа Литванија дојде до втората победа во групата со која се израмни по бројот на бодови со Словенија на првите две места во нашата квалификациска група.