Луда завршница: Четири поени за победа во една акција, Јанис – трагичар (ВИДЕО)

141

Неверојатен меч помеѓу Индијана и Милвоки ја одбележа ноќта во НБА, а се беше решено во последните секунди од натпреварот по една неверојатна акција.

Индијана победи со 115:114, а за финалниот напад уште долго ќе се зборува. Во исклучително возбудливиот финиш Халибартон се појави како херој, приреди пресврт со четири поени во последните секунди.

На само четири секунди до крајот на звукот, Демијан Лилард погоди две слободни фрлања за водство на Бакс од 114:111. Пејсерси тргнаа во напад. Халибартон беше во тешка позиција откако ја прими топката од теренот, успеа да шутне преку Јанис Адетокумбо. Погоди тројка со ерупција од емоции во салата, а судијата покажа дека и Гркот во таа прилика направил фаул. Го реализираше слободното фрлање.

Халибартон го заврши натпреварот со 14 поени, шутираше 7 од 11 од поле и 10 асистенции. Сијакам постигна 25 поени – со 12 скока. Најефикасен кај поразениот тим беше Брук Лопез со 23 поени, Јанис постигна 19 – заедно со 17 скока и седум асистенции.

Резултати:

Кливленд – Бруклин 109:104
Детроит – Вашингтон 123:103
Индијана – Милвоки 115:114
Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 127:120

 

ПретходноСалах плачеше по елиминацијата на Ливерпул од Лигата на шампиони (ВИДЕО)
СледноЈамал запиша нов рекорд, Фердинанд порача: Никогаш не сум видел нешто слично….