За само 28 секунди, Атлетико (М) успеа да ја анулира негативата на дуелот со Реал (М) во осминафиналето од Лигата на шампионите и на пауза да замине со водство од 1:0. На самиот почеток на мечот, Галагер успеа да се снајде најдобро пред голот на Куртоа и да донесе голема радост на трибините на „Метрополитано“. Со оглед на тоа што сега вкупниот резултат на пресметката е 2:2, останува да гледаме многу интересно второ полувреме.
Арсенал и на вториот дуел со ПСВ има предност. „Топчиите“ на пауза заминаа со предност од 2:1 со головите на Зинченко и Рајс, додека голот за гостите го постигна хрватскиот ветеран Перишиќ.
Во првите 45 минути не видовме гол на „Вила Парк“, каде играат Астон Вила и Бриж. Англичаните во финалето на мечот влегуваат со предноста од 3:1 од првиот меч во Белгија.