ЛШ 1/8 финале – реванши: Битка за Мадрид, битка за четвртфинале! Атлетико или Реал?

66

Вечерва се става крај на осминафиналето во Лигата на Шампионите. По одигрувањето на четирите реванши во оваа фаза, ќе ги дознаеме и последните четири патници во 1/4 финалето.

Јасно е дека сите погледи се свртени кон “Метрополитано“ во Мадрид (21ч), каде Атлетико во градската битка ќе се обиде да го детронизира актуелниот европски првак и лут ривал, составот на Реал.

Секако дека ќе гори на “Метрополитано“ од емоции, од битка за секоја педа од теренот, а фановите на “јорганџиите“ сакаат победа и само победа и пласман на својот тим во четвртфиналето.Image

Да потсетиме дека Реал има предност од 1:2 од првиот меч.

Се чини дека Арсенал и Астон Вила немаат што премногу да се отпораваруваат вечерва против ПСВ и Бриж, ако се знае дека вечерва играат дома а од минатата недела како гости се изборија за предност од 7:1 и 3:1. Во фудбалот чудата се можни, но не и вечерва. Преголема е предноста за да дојде до било каква сензација на овие два меча. И двата се играат од 21 часот.

Програмата започнува од 18:45 со дуелот Лил – Дортмунд. Е, тука ќе биде супер интересно ако се знае дека на првиот меч на “Сигнал Идуна Парк“ беше 1:1.

По завршувањето на вечерашните мечеви ќе се знаат и сите двојки во 1/4 финалето.

ПретходноПолн стадион против Велс во најава, веќе се продадени 5000 билети
СледноАлексовски победник на развојниот шампионат во Анталија