Митев: Потфрливме, но ќе бидеме подобри на следниот меч

154

Македонската ракометна репрезентација вечерва загуби од Словенија, иако имаше одличен настап во првото полувреме. Младиот марко Митев одигра добар натпревар, а во првиот дел имаше неколку одлични погодоци.

„Почнавме многу добро, но на крајот на првото полувреме потфрливме, нешто што не смеевме да го направиме против една силна репрезентација на Словенија. Тие се поквалитетни од нас, но ние ќе се подготвиме за следниот меч и се надеваме дека ќе бидеме подобри. Мораме да одиграме многу подобро во одбраната доколку сакаме позитивен резултат на реваншот“, изјави Митев.

ПретходноКирил Лазаров: Одигравме перфектни 20 минути! Ова нека биде лекција за нашиот менталитет!
СледноФутсал: Пораз и од Андора, Македонија ги заврши квалификациите последна во групата!