„Немаме магично стапче, но ги знаеме предностите на Македонија“

114
Фото: Rokometna zveza Slovenije / Handball Federation of Slovenia

Словенија во Скопје доаѓа со изменет, но повторно силен состав. Противникот на македонската ракометна репрезентација во квалификациите за пласман на Европското првенство се соочува со бројни повреди, а единствениот комплетен тренинг го имаа токму во СЦ „Борис Трајковски“.

Првата пресметка од двете предвидени во оваа ЕХФ недела е вечерва со почеток во 20 часот. Помошникот на селекторот, Зорман, Мирко Скоко вели дека немаат магично стапче, но ги знаат предностите на Македонија.

„Вистина е за проблемите, ќе имаме само еден вистински тренинг. Немаме магично стапче, но ги знаеме предностите кои ги имаме со Македонија. Мора да најдеме начин да ја запреме нивната игра. Мора да бидеме позитивни, во овој момент добивме некоја нова енергија, некои од играчите неочекувано добија шанса. Па се надевам дека оваа енергија ќе ни даде некоја дополнителна вредност. Тактички, целта ќе биде да се сопре бррзата игра на Македонија и ќе мора ние да ја држиме топката“, изјави Скоко.

Втората средба меѓу двете селекции е за четири дена во Копер. Македонија има победа и пораз, додека пак Словенија во квалификациите стартуваше со два триумфи.

ПретходноЛука Станковски со повик за А репрезентацијата на Македонија
СледноЕнрике: Така е во фудбалот, понекогаш е неправедно…