Македонската ракометна репрезентација против Словенија ќе ја бара втората победа во квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година, дуелот само што не започнал, а како што беше најавено се игра пред полни трибини во СЦ „Борис Трајковски“.
Фановите одлучија да им дадат максимална поддршка на нашите ракометари на првиот меч на домашен терен после фантастичниот настап на Светското првенство во Вараждин. Сите посакуваат победа против силната Словенија за чекор напред кон пласман на уште едно големо натпреварување.