Селекторот Милевски одбра за Лихтенштајн и Велс

318

Македонската фудбалска репрезентација ја очекува стартот на квалификациите за следното ЕП. Истите ги стартуваме на 22. овој месец со гостувањето кај Лихтенштајн, а четири дена потоа на 25. го пречекуваме дома националниот тим на Велс.

Па така, по тој повод, денеска на официјална прес конференција селекторот Благоја Милевски го објави списокот на репрезентативци на кои ќе смета за овие дуели.

Станковски со премиерен повик за сениорите

Како новитет на овој собир е Лука Станковски досегашниот младински репрезентативец на Македонија, кој сезонава одлично игра за тимот на Раднички во Србија. Агон Елези исто така прави кам бек, а останатите се претежно оние кои и досега беа дел од составот на А репрезентацијата.

ПретходноКрос-кантри скијачите чекор поблиску до медал⁸ите.
СледноЛазаров го одреди составот за Словенија