Слот: Најдобар натпревар на кој сум бил! За победа треба да имате и среќа!

169

Арне Слот и Ливерпул испаднаа од Лигата на шампионите од ПСЖ во осминафиналето. Но, тренерот на „црвените“ не жали. Ливерпул го доби првиот натпревар во Париз со 1-0, а во реваншот на „Енфилд“ славеше ПСЖ со голот на Усман Дембеле во 12. минута. Тој резултат остана и по продолженијата, па пенали одлучуваа кој клуб ќе се пласира во четвртфиналето.

„Ова е најдобриот фудбалски натпревар на кој сум бил. Ова беше неверојатен натпревар за нас, особено кога ќе го споредите со првиот против ПСЖ. Одигравме совршен натпревар, само промашивме гол. Слично беше како минатата недела, кога ПСЖ играше перфектно и не постигна гол.

Ми се чини неправедно што сме елиминирани толку рано, особено кога завршивме на врвот на табелата во главната фаза. Но, тоа е шармот на фудбалот. Сите во светот уживаа во овој натпревар, во кој разликите беа многу мали. За да победите, треба да имате малку среќа. Ни следи финале на Купот и уште девет натпревари во Премиер-лигата“, заврши тренерот.

По елиминацијата од Лигата на шампионите, Ливерпул останува да се бори за англиската двојна круна. Тие речиси ја обезбедија шампионската титула, бидејќи имаат 15 бода предност пред Арсенал на врвот. Тие го играат финалето на Лига купот против Њукасл на Вембли во недела.

ПретходноРаботите се менуваат: Македонија е фаворит против Словенија после одличниот настап на СП и распродадената сала!
СледноНиту поразот не ги повреди толку навивачите на Ливерпул колку сцената во тунелот со Ван Дајк (ВИДЕО)