Александер Арнолд под знак прашалник за финалето од Купот

55

Синоќа тимот на Ливерпул испадна од годинешната Лига на Шампиони по домашната елиминација од ПСЖ. Да биде ситуацијата уште потешка за сите во и околу клубот, стандардниот и незаменлив Тренд Александер Арнолд се повреди.

Информациите утринава се дека тој тешко ќе се опорави од повредата на зглобот, и дека најверојатно нема да биде во можност да му помогне на тимот следниот викенд кога е закажано финалето од Карабао Купот против Њукасл.

Александер Арнолд можеби нема да биде во состојба да настапи ниту за репрезентацијата на Англија која што се среќава со Албанија и Летонија во овој квалификациски прозорец.

 

ПретходноЕнрике: Така е во фудбалот, понекогаш е неправедно…
СледноКрос-кантри скијачите чекор поблиску до медал⁸ите.