Едно полувреме недоволно за сензација: Македонските ракометари поразени од Словенија (ФОТО)

133

Македонската ракометна репрезентација го запиша вториот пораз во квалификациите за пласман на Европското првенство 2026, откако беше совладана од Словенија со 26-32. Гостите покажаа дека и без неколку ѕвезеди во составот се фаворити против нашите млади ракометари. Овие две репрезентации за четири дена ќе се сретнат во Копер.

Нашите ракометари играа пред полни трибини, ова беше прв домашен меч после Светското првенство. На крилата на фановите, Македонија во првото полувремена двапати водеше со шест разлика, но две чудни судиски одлуки беа доволни за да Словенија се разбуди пред одморот. 

Митревски имаше девет одбрани, Кизиќ една (од седум метри). Филип Кузмновски мечот го заврши со десет гола,

Македонија мечот го отвори со два гола на Кузмановски и два гола на Митев, период во кој Митревски ја запиша две одбрани, а Словенија постигна само еден гол до седмата минута (4-1). На крилата на Кузмановски и Митев, цврстата одбрана и одличниот Митревски, нашите момци во  14-та минута поведоа со 8-3. И тука не застнаа, продолжија во ист ритам, ја казнуваа секоја грешка на противникот, Пешевски во 17-та минута зголеми на плус шест (10-4), Македонија не искористи шанса да поведе и со седум разлика.

Судиите како по некое непишано правила донесоа чудна одлука, откако не досудија седум метри во нашата корист, во 21-та минута му доделија директен црвен на Карасманакис при 11-5. Словенија со серија од 3-0 дојде на 11-8. Од овој момент се променија многу работи на теренот. На противникот му беше доволен овој ветар во грб за да зеде сила. Прво ја спушти негативата на два гола разлика 14-12 и 15-13, а потоа во последна минута и пол, со помош на судиите повторно кои се правеа слепи, на одморот намалија на 16-15.

Очекувано, второто полувреме беше поинаку, се беше потешко, бидејќи гостите веднаш израмнија на 16-16, а потоа во 38-та минута го запишаа првото водство (18-19). Од овој момент се играше гол за гол, со тоа што Словенија го диктираше темпото, а во 42. минута успеа поведе со 20-22.

Лазаров повика тајм-аут, a Митев одговори за 21-22, но одбраната не беше на ниво како во првото полувреме. Словенците се разиграа, за една силна селекција како нив не беше тешко да се влезе во ритам, брзо стигаа до нашата мрежа. Па пред почетокот на 50. минута, негативата беше пет гола 22-27.

Кузмановски со три гола во низа за 25-27 успеа да ја врати надежта дека мечот може да добие поинаков тек. Од половината на вториот дел на голот се врати Митревски, одбрани важен седмерец. „Црвено-жолтите“ не продолжија во ист ритам, нов пад, промашувања во нападот кога Кузмановски беше целосно затворен, донесе нова позитива за противникот од 25-30 во 57. минута. Тука веќе беше јасно дека бодовите ќе одат на контото на противникот.

ПретходноВардар во два дена исплати долгови кон екс-играчи, тренери, функционери од 300.000 евра!
СледноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Галагер за 28 секунди погоди против Реал, Арсенал води, без голови на „Вила Парк“ (ВИДЕО)