Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров го одреди списокот за дуелот со Словенија во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство 2026.
За разлика од претходните мечеви во составот на Македонија нема да биде дефанзивецот Никола Маркоски, а на негово место во комбинација влезе Валентин Карасманакис.
Мечот е закажан со почеток во 20 часот, во СЦ “Борис Трајковски”, билети за овој дуел одамна нема, истите се распродадоа за два дена.
Македонија по првите две кола во квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 има победа против Естонија дома и пораз од Литванија на гости.