Новитет во таборот на А репрезентацијата на Македонија. Лука Станковски, играчот на Раднички Крагуевац е новиот играч за кого селекторот Благоја Милевски се одлучува да го приклучи за стартот на квалификациите. Поточно за дуелите против Лихтенштајн на 21. односно против Велс на 25 во Скопје.
Станковски е екс македонски младински репрезентативец и капитен на таа генерација која што минатиот циклус играше за нас. Сега, во одличнба форма ги одигра последните неколку месеци откако од Турција односно од Газиантеп се пресели во Србија, поточно во тимот на Раднички.
Слекторот Милевски ќе го објави официјалниот список за нешто повеќе од еден час на прес конференцијата која што е закажана во 13:00 часот.