ЛШ: Пеналите го однесоа Реал во четвртфинале, познати комплетните двојки (ВИДЕО)

200

Фудвбалерите на Реал (М) се последниот патник во четвртфиналето на Лигата на шампионите, откако по подобро изведување на пенали успеаја да го победат градскиот ривал Атлетико (М) со 4:2. Во регуларниот дел од мечот Атлетико успеа да ја анулира предноста на гостите со голот на Конор Галагер постигнат уште во 28 секунда од мечот и до крајот на 90-те минути да ја задржат предноста за пат во продолженија (ВИДЕО).

Во дополнителните минути и двата тима не успеаја да создадат ниту една посериозна шанса за гол, па на крајот решаваа пеналите. Реал (М) успеа да погоди четири од петте изведени удари (промаши само Лукас Вакез“, додека Атлетико (М) двапати не успеа да постигне гол. Најпрво во втората серија Хулиан Алварез успеа да го совлада Куртоа, но по реакција од ВАР собата неговиот гол не беше признат, поради тоа што при шутот Алварез имаше два допира на топката. Подоцна промаши и Љоренте, што на последниот изведувач на Реал, Ридигер му даде шанса да го реши мечот. Германецот погоди за 4:2 во пенал-рулетот и пласман во четвртфиналето.

ПЕНАЛ СЕРИЈА – ВИДЕО

По овој меч познати се и комплетните четвртфинални двојки:

АРСЕНАЛ – РЕАЛ (М)

ПСЖ – АСТОН ВИЛА

БАРСЕЛОНА – БОРУСИЈА (Д)

БАЕРН (М) – ИНТЕР

Претходно„Оле, Оле, Винисиус е шимпанзо“ – навивачите на Атлетико со жестоки навреди кон фудбалерот на Реал