Милевски: Јунскиот термин не ни одговарал, време е тоа да го промениме

266

Македонската фудбалска репрезентација со денешната официјалната прес конференција го стартуваше и претстојниот квалификацискио циклус за ЕП. Селекторот Милевски го објави списокот за претстојните мечеви против Лихтенштајн на 22. март на гости, и на 25. против Велс на домашен терен, а на него нема некои тектонски промени. Лука Станковски е новитет, Агон Елези е повратник, а поради повреда не се тука Дарко Велковски и Димитар Митровски.

„Имавме и тоа како успешни Лига на Нации, квалификациите беа исто така успешни, стигнавме до бараж. Не очекуваат два натпревари со репрезенатции кои се сериозни. Лихтенштајн го има целиот наш респект. Денес нема лесни противници, целиот фокус е на мечот против Лихтенштајн. Следниот меч е оној против Велс. Учесник на големи турнири во последно време. Секој меч е приказна за себе, секој меч бара посебна подготовка. Секој меч и бара од нас да одиме на три бода, но, меч како меч, не можеме да претпоставиме што ќе се случуваме на истиот. Што овие два меча ќе ни донесат ќе видиме откако овие два меча ќе видиме по нив„ – изјави селекторот Милевски.

 

Новите клубови на Елмас и Чурлинов се позитивна работа

„Секако дека е пиозитивна работа што Чурлинов и Елмас добија нови клубови и заиграа во дорба форма. Сите тие проблеми кои ги имаа, не се познаваа кога доаѓаа за репрезентација. Зошто е тоа така искрено не можам да кажам. Им прија очигледно кога се тука со нас. Позитивни нешта им се случуваат и на обајцата. Пракса е да се има четири голмани. Кога се сите здрави добро е да бидат тука сите. И понатаму ќе бидат сите голмани тука, вклучувајќи го и Марко Алчевски“ – вели селекторот Милевски.

Добро играме на страна секогаш, не е проблем распоредот

„Распоредот е делегиран од УЕФА, така да не можевме ниту да планираме, а ниту да имаме некакво мислење за распоредот на мечевите. Мора да играме против сите, и дома и на гости. За волја на вистината во изминатиот период кога иравме на гости поради терените на гости кои се префектни нас и повеќе ни одговараше да играме на страна“ – потенцира селекторот.

Конечно, овој термин, јунскиот, оној квалификациски реално на Македонија не и одговарал. Ретко кога сме излегле позитивни, но тоа според селекторот време е да се промени.

„Јунскиот термин никогаш не ни одговарал но време е тоа да го промениме. Секако дека посакуваме позитивно отворање на овој квалификациски циклус. Верувам во овие момци, кои ете ретко кој има полна минутажа, ретко кој игра доволно во своите клубови, но ете од некоја причина секогаш го дава максимумот за репрезентацијата„ – изјави Милевски.

 

 

ПретходноЛазаров го одреди составот за Словенија
СледноПолн стадион против Велс во најава, веќе се продадени 5000 билети