Митревски: Имаме квалитет, но мора да поработиме на нашите грешки

114

И вечерва одлично издение на голот на нашата репрезентација имаше Никола Митревски. По средбата нашиот голман го прокоментира дуелот со Словениците.

„Можеби немаме доволно квалитет или ротација за да играме против 8 или 9 луѓе. Кога имавме пет-шест разлика имаше неколку чудни одлуки, за кои не сакам да комемнтирам, но на вака млада екипа и тоа како делува така чудниот критериум. Не успеавме да се вратиме во второто полувреме, но се преставивме одлично, имаме квалитет и тоа треба да ни служи како пример. Мора да видиме каде грешевме самите и да го поправиме“, вели Митревски.

ПретходноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Галагер за 28 секунди погоди против Реал, Арсенал води, без голови на „Вила Парк“ (ВИДЕО)
СледноКирил Лазаров: Одигравме перфектни 20 минути! Ова нека биде лекција за нашиот менталитет!