Оскар Пјастри го продолжи договорот со Мекларен. Претходниот договор на Пјастри со Мекларен беше до крајот на 2026 година. Новиот договор е пресметан најмалку до крајот на 2028 година.
Официјалното соопштение ќе биде објавено во недела пред Големата награда на Австралија, инаку домашна трка на Пјастри. Новиот договор практично значи дека Пјастри и Ландо Норис ќе останат колеги уште најмалку три години – затоа што сегашниот договор на Норис со Мекларен е до крајот на 2027 година.