Ништо ново кога станува збор за нашата најдобра Футсал селекција. Вечерва во последниот меч од квалификациската група – 7, Македонија на гости кај Андора е поразена со 2:1. Ова значи дека четата на селекторот Васко Скендеровски овие квалификации ги заврши убедливо на последното место со само еден освоен бод. Португалија е прва со 18 бодови, Холандија втор со 8 а трета Андора со 6, Македонија последна со само еден освоебн бод, со едно реми и пет порази со гол разлика 3:18.
Се до 36.минута резултатот беше 0:0. Регало стрелаше за 1:0. Една минута подоцна Тодоровски израмни на 1:1, а победата на домашната селекција на Андора ја донесе Блат во 37.минута од овој натпревар кој се одигра во Андора ла Вале.
За нашата репрезентација на овој натпревар настаија Петровски, Левеским, Крстевски, Благојевски, Рамадан, Стојановски, Исмаили, Пеев, Б. Јанев, Рамадани, Зибери, Петровиќ, Мар.Тодоровски и Димков.
Секако дека за ова одговорност треба да сноси и селекторот Скендеровски. Да се освои само еден бод во групата, да не успееш барем еднаш да славиш и да губиш од една Андора е тоа секако дека е премногу. Едноставно кога се вакви резултатите, одговорноста треба да ја понесе тој што ја предводи, а тоа е селекторот.
А тоа е Скендеровски.