Младите ракометари одиграа нерешено со Полска!

140

Машката млада репрезентација на Македонија, одигра нерешено 24:24 против соодветната селекција на Полска на мини – турнирот во полскиот град Олецко. И Полска и Македонија имаа свои моменти на оваа средба, имаа водство, а првиот дел заврши со резултат 14:13 за домашната селекција. Во второто полувреме, момците на селекторот Раде Стојановиќ во еден момент имаат и предност од четири голови разлика, 21:17, сепак ни тоа не беше доволно да се дојде до победата. Полјаците во последниот напад имале и шанса за победа но, сепак на крајот овој меч завршил без победник.

Во текот на утрешиот ден, нашите млади ракометари на овој турнир играат со Алжир.

ПретходноТоа е новиот Јунајтед: Откако Ретклиф избрка 500 вработени, сега ќе им ги намалува платите на фудбалерите!
СледноЗа гостувањето кај Словенија, селекторот Лазаров дополнително повика нов ракометар!