Српскиот фудбал завиен во црно, се самоуби поранешен голман на Партизан

409

Српскиот фудбал завиени во црно, поранешниот голман на Партизан Радиша Илиќ си го одзеде животот.

Илиќ е роден на 20 септември 1977 година во Бајина Башта. Кариерата ја започна во Слобода Ужице, а првата можност да заземе место меѓу стативите на Партизан ја имаше во 1998 година, откако Ивица Краљ замина во Порто.

Илиќ има одиграно еден меч за репрезентацијата на Србија и тоа против Македонија во 2008 година. Мечот заврши без победник, 1-1.

Во својта кариерата покрај Партизан, бранеше и за Слобода од Ужице, Национал Букурешт, Борац Чачак, ОФК Белград, Пансераикос.
ПретходноПогледнете како цела одбрана на Словенија капитулираше пред Кузмановски (ВИДЕО)
СледноСимеоне за поништениот пенал: Кој виде двоен удар, нека крене рака! Никој? Следно прашање!