Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти по пласманот во четврт-финалето на Лигата на шампионите потенцира дека дуелите со Атлетико се доста тешки истакнувајќи ја нивната одбрана која не им дозволи да создадат чисти шанси.
„Беше тежок натпревар бидејќи Атлетико постигна гол во првата минута. Малку се смени динамиката, одлично се бранеа, контранапада, не создадовме многу чисти шанси. Тешко е да се најдат јасни шанси против Атлетико бидејќи тие се бранат со исклучителен дух и ефикасност“, рече Анчелоти.
Двата тима завршија со резултат 2:2 по регуларното време и две продолженија од по 15 минути. Затоа, мечот отиде во пенал завршница, а таму една од ситуациите беше доста контроверзна – поништен гол на Алварез од Атлетико поради удар со двете нозе.
„Многу е чудно, да. Тој имаше два допири, шутира со десната нога, а потоа ја допира топката со левата нога. Тоа е лотарија, ние го знаеме“, додаде Анчелоти.