Нашата ракометна селекција, по поразот вчера во Скопје од Словенија, во меч од 4.коло во квалификациите за пласман на ЕП 2026, веќе на 16 март повторно ќе игра со Словенија, но сега на гости и тоа во Копер.
За оваа средба нашиот селектор Кирил Лазаров дополнително повика нов ракометар и тоа Михаил Аларов од Вардар.
Познато е дека Никола Марковски е повреден, па Лазаров мораше да се одлучи на ваков чекор.
Инаку Аларов беше на списокот за дуелите со Словенија беше како резерва, но сега доби повик да се приклучи на селекцијата.