Реал го победи Атлетико во мадридското дерби од осминафиналето на Лигата на шампионите по изведување пенали и на тој начин стигна до четвртфиналето против Арсенал. Првиот натпревар на „Сантијаго Бернабеу“ заврши со победа на Реал од 2-1. Во реваншот Атлетико победи со 1-0 на својот стадион, па откако дуелот не беше решен по продолженијата, следеа пенали, таму Реал победи со 4:2. Откако Антонио Рудигер го реализираше победничкиот пенал, навивачите на Реал Мадрид бурно славеа на стадионот на еден од двата најголеми ривали.
Фудбалерите на Реал Мадрид дотрчаа со своите навивачи. Нив ги пречека „дожд“ од предмети од навивачите на Атлетико. Сцената снимена за време на бурна прослава од играчите на Реал Мадрид на теренот Метрополитано стана вирална.
Од трибините летаа и пластични шишиња, а едно од нив полета кон Белингам, а тој изведе потег кој ги воодушеви навивачите на Реал – шишето кое леташе кон него го уди со глава.
Jude trying to header a bottle thrown by Atletico fans and Rudiger ready to fight them all, I swear my teams full of psychopaths 😭😭😭😭 pic.twitter.com/MXm2EoXQQ1
— WolfRMFC (@WolfRMFC) March 13, 2025