Реал го победи Атлетико во мадридското дерби од осминафиналето на Лигата на шампионите по изведување пенали и на тој начин стигна до четвртфиналето против Арсенал. Првиот натпревар на Сантијаго Бернабеу заврши со победа на Реал од 2-1. Во реваншот Атлетико победи со 1-0 на својот стадион.
Тој резултат остана до крајот на продолженијата, па победникот беше решен по изведување на пенали. Реал победи со 4:2, а серијата ја одбележа одлуката да се поништи гол постигнат од Алварез по интервенција на ВАР. Напаѓачот на Атлетико малку се лизна при изведувањето на пеналот.
Фудбалерите на Реал Мадрид се пожалија дека два пати ја допрел топката кога шутираше и полскиот судија го поништи голот. Оттогаш во медиумите и на социјалните мрежи се води дебата за тоа дали Алварез незаконски го изведе пеналот.
Сега се појави видео од најдобриот агол досега. Изгледа дека Алварез прво ја допира топката со левата нога, а потоа ја шутира со десната нога. Ова е снимката која најдобро ја прикажува контроверзната ситуација. Погледнете го и кажете ни во анкетата дали Алварез ја допрел топката двапати.
Aquí una mejor toma del polémico penal de Julián Álvarez.
Toca el balón dos veces??
pic.twitter.com/VAyoETd9lV— Antonio de Valdés (@adevaldes) March 13, 2025