Подгответе се за адреналин и возбуда, доаѓа FIS Snowboard Cup 2025!

25
Поради неповолните временски услови во Македонија, годинашниот FIS Snowboard Cup ќе се одржи на 14 и 15 март во ски-центар Копаоник, Србија.
Натпреварувачите ќе имаат можност да ги одмерат силите во две атрактивни и адреналински дисциплини – Slopestyle (14.03.2025 година) и Big Air (15.03.2025 година).
Покрај престижните меѓународни FIS натпревари, ќе се одржат и трки за националното првенство на Македонија, каде што ќе се натпреваруваат и мажи и жени. Овој спектакуларен настан ќе ги обедини најдобрите сноубордери од регионот, подготвени да ги покажат своите вештини и да приредат незаборавно искуство за љубителите на овој екстремен спорт.
Скијачка федерација на Македонија изразува искрена благодарност до Скијачката федерација на Србија, ски-центарот Копаоник, ЈП „Скијалишта Србије“, како и до сите партнери и поддржувачи – Меѓународната скијачка федерација (FIS), Министерството за спорт и УНИ Банка.
ПретходноТепачка во НБА: Боречки зафат и вистински хаос (ВИДЕО)
СледноОдлуки на Дисциплинската комисија при ФФМ: Васоски казнет со еден натпревар суспензија