Поништениот гол поради двојниот удар на Хулијан Алварез продолжува да биде најдискутираната тема по епското мадридско дерби меѓу Атлетико и Реал синоќа во Лигата на шампионите.
Логично, тренерот Диего Симеоне не беше особено задоволен од интервенцијата на на ВАР да го поништи голот на Алварез. На прес-конференцијата по натпреварот, тренерот налутено изјави:
„До сите овде: кренете ја раката ако го видовте дека Алварез двапати ја допре топката. Ајде! И? Никој не крева рака. Следно прашање. Никогаш не сум видел ВАР да бара преглед на пенали за време на изведување пенали“, рече Диего Симеоне.
Here is a close range look at penalty taken by Alvarez, the rules is the rules.⚪️⚪️⚪️ pic.twitter.com/pG9DTSTCLr
— 2k (@Kpunts_) March 13, 2025
Инаку, станува збор за правилото 14 од фудбалската игра, според кое при удар од белата точка, играчот не може вторпат да ја допре топката откако таа ќе дојде во контакт со него.