Утре со почеток од 15:00 часот на комплексот Петар Милошевски во Скопје, ќе стартува 24. коло од ПМФЛ шампионатот. Со дербито помеѓу Вардар и Шкендија кое е дел секако од третиот круг во овогодинешниот шампионат. Овие две екипи веќе одиграа еден дуел пролетва, но на Арената каде Шкендија победи со 1:2, а сега ќе гледаме ново супер дерби.
Истото му е доделено на Фатмир Бафто од Охрид кога станува збор за арбитражата. Што се однесува пак до останатите дуели од ова коло, се играат ден потоа, в сабота, а потоа секако на сцена стапува репрезентативната пауза.
24. коло ПМФЛ шампионат
14.03.2025
Вардар – Шкендија
Фатмир Бафто – Охрид
15.03.2025
Шкупи – Пелистер
Илиоски Влатко Прилеп
Беса – Струга ТЛ
Стојанче Трпчевски Кавадарци
Воска – Работнички
Благојче Ралевски Битола
Тиквеш – Гостивар
Марјан Младеновски Скопје
Брера – Силекс
Фуркан Идризи Тетово