Фудбалската Федерација на Македонија, поточно новото раковоство на чело со претседателот Масар Омерагиќ неуморно работи на повеќе аспекти истовремено. Кадровските промени, носењето на нови спонзори на Федерацијата, но и активно подобрување на условите.
Она што ќе ја израдува јавноста во моментов, поточно навивачите кои се редовни на мечевите на репрезентацијата, но и на екипите кои што настапуваат на Арената Тодор Проески во Скопје, е информацијата дека столчињата на северната трибина се потполно обновени. Поточно, се „озвежени“ со специјален метод, и третман кој што истите не го добиле од самата изградба на трибината.
Сега столчињата изгледаат како потполно нови, и тоа пред самото гостување на репрезентацијата на Велс на 25 март кога во Скопје го играме вториот дуел од претстојните квалификации за Европското првенство.