Шпанецот продолжува со одбрана на тронот: Алкалраз без милост го елиминира Димитров!

88
Фото: BNP Paribas Open @BNPPARIBASOPEN

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Индијан Велс, откако во осминафиналето го совлада светскиот рекет број 15 Бугаринот Григор Димитров со 6:1, 6:1. Натпреварот траеше час и 14 минути.

Шпанскиот тенисер запиша шест асови, додека Димитров освои еден поен директно од свој сервис.

Алкараз, кој ја брани титулата на турнирот во Индијан Велс, во четвртфиналето ќе игра против светскиот рекет број 26, Аргентинецот Франциско Черундоло, кој го победи Алекс де Минаур со 7:5, 6:3.

Британскиот тенисер Џек Дрејпер се пласираше во четвртфиналето откако во осминафиналето го совлада светскиот рекет број четири Американецот Тејлор Фриц во директни сетови со 7:5, 6:4. Натпреварот траеше час и 19 минути. Британскиот тенисер погоди осум асови, додека Фриц освои шест поени директно од свој сервис.

Дрејпер во четвртфиналето ќе игра против светскиот рекет број 12, Американецот Бен Шелтон.

ПретходноЈокиќ повторно доминираше, но Денвер не знае со Минесота (ВИДЕО)
СледноТибо Куртоа го критикуваше Симеоне: Доста се прави жртва…