Јанчев најави германска инвестиција во ФК Тиквеш (ВИДЕО)

549

Иако во моментов ФК Тиквеш, барем што се однесува до местото на табелата во ПМФЛ шампионатот, има проблем да обезбеди опстанок, сепак, од Кавадарци доаѓаат позитивни вести кои ветуваат убави денови за овој колектив.

Денеска, на седница на советот на Општина Кавадарци, градоначалникот, Митко Јанчев, објави дека е постигнат договор со инвеститор од Германија, кој е подготвен да инвестира околу половина милион евра по сезона, поточно еден милион за две години.
Како основа за такво нешто, инвеститорот ќе добие 50% од акциите на ФК Тиквеш, додека другите 50% и натаму ќе останат во сопственост на општината.

Доколку овие најави се остварат, а нема причина тоа да не се случи, ФК Тиквеш ќе биде уште еден од редицата наши прволигаши кои добиваат во случајов делумно странски сопственик. Такви примери имаме во Вардар каде што сопственикот е од Унгарија, Гостивар и Шкупи од Турција и така натаму…

ПретходноАнчелоти го коментираше поништениот пенал на Атлетико: Тоа е лотарија!
СледноФатмир Бафто ќе го суди дербито Вардар – Шкендија