Јокиќ повторно доминираше, но Денвер не знае со Минесота (ВИДЕО)

630

Никола Јокиќ одигра уште еден фантастичен меч, доминирајќи на паркетот, но соиграчите повторно го издадоа. Српскиот кошаркар беше најефикасен кај својот тим во поразот на Денвер од Минесота (115:95). Зад своето име Јокиќ запиша 34 поени, 8 скока, 4 асистенции, но тоа не беше доволно за победа.

Јокиќ направи се што можеше, но ја немаше поддршката од соиграчите. Го следеше Расел Вестбрук (19,4 поени), додека останатите потфрлија.

Денвер очигледно не може да игра со Минесота. Тимбервулфс минатата сезона ги исфрлија од плеј-офот, а оваа сезона победија во сите три натпревари. Вкупно имаат пет последователни порази од „волците“.

Гостите ги предводеше Ентони Едвардс со 29 поени и 6 скока. Последниот првенствен натпревар од сезоната помеѓу двата тима ќе биде на 2 април во Колорадо, а исто така ќе биде можност за реванширање на Нагетс. Пред тоа Јокиќ на следниот меч на 15 март ќе им гостува на Лука Дончиќ и Лејкерси.

Резултати:
Атланта – Шарлот 123:110
Бостон – Оклахома 112:118
Торонто – Филаделфија 118:105
Хјустон – Феникс 111:104
Мемфис – Јута 122:115
Мајами – ЛА Клиперс 104:119
Сан Антонио – Далас 126:116
Денвер – Минесота 95:115
Портланд – Њујорк 113:114 (прод.)

ПретходноНавивачите на Атлетико фрлаат шишиња кон Белингам кој имаше одличен одговор (ВИДЕО)
СледноШпанецот продолжува со одбрана на тронот: Алкалраз без милост го елиминира Димитров!