Уште еден медал за Македонија на Специјалните Олимписки игри во Торино. По Фатмире Бајрамоска денеска и Албан Бајрамовски се закити со сребрен медал, во дисциплината крос-кантри скијање во машка конкуренција.
Ова е уште еден фантастичен успех на нашите спортисти кои во Италија заминаа по афирмација и промоција на македонскиот спорт, а се враќаат со одличја со кој ќе влезат во аналите на нашата држава.
Секоја чест за Албан и за Фатмире кои се вистински амбасадори на Македонија во светот, и гордост на сите оние кои знаат по што треба да не препознаваат останатите.