Рапид Виена – Борац 2:1 и тоа по продолженијата во реванш средбата од 1/8 финалето во Лигата на Конференции. Ако се знае дека на првиот меч минатата недела во Бања Лука беше 1:1, тогаш јасно е дека вечерва во Виена заврши европската бајка на тимот од БиХ, за кого настапуваат Бобан Николов, Дамјан Шишковски и Себастијан Херера, а тренер е Младен Жижовиќ, екс стратегот на Шкупи.
Рапид беше далеку подобар, имаше десетина шанси, но среќата беше на страната на гостите кои во 66.минута Огринец донесе водство од 0:1. Сепак Рапид израмни неколку минути подоцна со голот на Бељо, а во судиското продолжение Шауб постигна уште еден гол за конечни 2:1 и за пласман во следната рунда.