Македонската ракометна репрезентација синоќа го одигра првиот меч на домашен терен по завршување на Светското првенство во Вараждин. Новата генерација со своите игри на Мундијалот, ги мотивираше ракометните фанови уште еднаш да ги исполнат трибините во СЦ „Борис Трајковски“.
Салата беше обоена во најубавите бои – „црвено-жолта“. Иако нашите момци не успеаја да приредат сензација, сепак на крајот беа поздравени со аплауз, вистинските познавачи на ракометот добро знаат дека Словенија и без комплетен состав е фаворит на оваа нова генерација, која и понатаму заслужува поддршка.