Одлуки на Дисциплинската комисија при ФФМ: Васоски казнет со еден натпревар суспензија

579

Предмалку од ФФМ ги објавија одлуките на Дисциплинската комисија која што заседаваше по повод завршеното 23. коло од ПМФЛ шампионатот, а најинтересна секако за јавноста е одлуката тренерот на Силекс, Александар Васоски да биде казнет со еден натпревар суспензија за црвениот картон добиен на мечот со Вардар. Истиот му беше доделен по завршувањето на мечот, за неспортско однесување.

Од друга страна пак, со два меча суспензија е казнает капитенот на Брера, Мартин Ѓоргиевски кој исто така доби исклулување на дуелот против Гостивар во Скопје.

Целосниот список на одлуки следува во продолжение.

Дисциплинската комисија одреди суспензија од еден натпревар за: Илија Донов (ФК Силекс), Бесмир Даци (ФК Шкупи), Константин Чешмеџиев (ФК Гостивар), Александар Васоски (шеф на стручен штаб на ФК Силекс);

Дисциплинската комисија одреди суспензија од два натпревари за: Мартин Ѓоргиевски (ФК Брера А.П.), Блаже Јанакиевски (шеф на стручен штаб на ФК Башкими) и Љупчо Симовски (тренер на ФК Осогово);

Дисциплинската комисија поведува постапка за ФК Башкими поради користење и фрлање во терен пиротехнички средства на натпреварот ФК Башкими – ФК Охрид Лихнидос;

Дисциплинската комисија поведува постапка за ФК Вардар поради користење на пиротехнички средства од страна на навивачите на натпреварот ФК Силекс – ФК Вардар;

ПретходноПодгответе се за адреналин и возбуда, доаѓа FIS Snowboard Cup 2025!
СледноОфицијално: Кимих во Баерн до 2029 година