Џошуа Кимих уште долго ќе биде дел од тимот на Баерн Минхен. Еден од најдобрите играчи на оваа генерација „Баварци“ се согласи на продолживање на соработката, до 2029 година, факт кој што предмалку и официјално беше објавен од страна на клубот.
Со ова, во Минхен завршија голема работа, затоа што покрај Нојер, Мусиала, сега и Кимих потпиша нов долгорочен дил.
Баерн инаку сигурно гази и на двата фронта. Во домашниот шампионат има сигурна предност на врвот, а во ЛШ штотуку го елиминираше Баер Леверкузен.